Можеби не сте знаеле, лебот освен што е вкусен и децата го сакаат, ако тој во себе содржи одредени состојки може дополнително позитивно да влијае врз растот и развојот кај децата. Лебот треба да биде дел од секојдневното мени бидејќи го снабдува младиот организам со енергија, ја поттикнува работата на мозокот, меморијата, концентрацијата а дел од состојките на лебот влијаат и врз имунитетот. Затоа, за поттикнување на овие развојни процеси кај детето, многу често во секојдневната исхрана се внесува храна со збогатен состав, витамини, минерали и слично. Следејќи ја оваа честа пракса во детската исхрана, Жито Лукс го направи Тости, детскиот леб чиј состав е збогатен со витамин Д, железо и калциум.
Што овозможува овој збогатен состав? Калциумот е потребен за цврсти коски и здрави заби, а железото за транспорт на кислород во телото, како и нормален когнитивен развој. Овие два минерали се задолжителни во секоја балансирана исхрана. Дефицитот од калциум и железо, во младиот развој неретко може да предизвика последици во подоцнежните години. И токму заради оваа можност се создаваат разни видови храна чиј состав е збогатен и наменски, со потребните состојки. Витаминот Д, пак придонесува за нормално функционирање на имунолошкиот систем. Со ваквиот состав на Тости, во четири парчиња леб се содржани 30% од потребната дневна количина од овие елементи. Освен тоа, вкусот на путер и ванила го прави посакуван и примамлив посебно за децата.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.