Во годината на јубилејот, 70 години постоење, Ian Griffiths за Max Mara одбра летото да биде во свила.
Препознатлива е кога е во прашање облеката што може да се трансформира од дневна во ноќна, со бои кои се преставени како синоним за среќа, а кај гардеробата претставуваат непосреден засилувач на светлината. Летово само се надоврзува со примамливата понуда од лелеава облека од свила, со чисти извлечени кројни линии.
Лесните силуети го прават летното облекување едноставно.
Во колекцијата во свила доминантни се едноделните комбинезони кај кои се игра со обимот и должината.
Оваа вечна комбинација од свила, обезбедува подготвеност за сето што може да го донесе летото, појаснуваат од модната куќа.
Max Mara е италијански моден бренд и бизнис, создаден во 1951 година, во Reggio Emilia од Achille Maramotti. Во модниот бизнис работат up-market и ready-to-wear облека. Присутни се во 90 земји, на над 2.500 продажни места. Секако паралелно ја развиваат и е-трговијата, преку својата електронска продавница. Спонзори се на Max Mara Art наградата за жени./М.М.