Својата пролетна колекција младата, авангардна дизајнерка Angel Chen, во добра мерка ја има сработено заедно со сликарката Jiajia Wang. Делата на сликарката, како што истакнува Chen, го отелотворуваат духот на Angel Chen премостувајќи ги разликите меѓу источната и западната култура. Дизајнерката ги трансформираше розовите и сините слики на Wang во отпечатоци, понекогаш направени како целосни слики и украсени со кристали, за треперлив, соодветен ефект.
За да се добие посакуваната форма дизајнерката користи рецилкирани материјали – од најлон до мемориска пена и полиестерска мешавина, за да создаде обемни наметки или повеќеслојни панталони. Соработката со Canada Goose роди низа генијални парчиња надворешна облека што може да се носат наопаку. Хибридираната облека на Chen веќе беше привлечна за очи, но во „овие времиња“ тие се смели и разноврсни во својата добитната комбинација.
Angel се смета за дел од новиот бран кинески дизајнери чии авангардни решенија имаат свое влијание на глобално ниво.
Со диплома од Central Saint Martins, Angel Chen од родниот Шенжен се има преселено во Лондон на студии за дизајн, каде што паралелно стажира и во познатите модни куќи: Marchesa, Vera Wang и Alexander Wang. Колекција за постдипломските студии, од i-D е избрана како една од петте чиј што развој треба да се следи и да се поддржи со лансирање на бренд.
Така, во 2014 година, е основан авангардниот бренд ANGEL CHEN. Со оригиналниот пристап кон модата, и основниот концепт на фузија на источната и западната естетика, се смета дека е еден од најпопуларните млади модни брендови на меѓународно ниво. /M.M.