Spicebomb Infrared со моментална мирисна детонација, ширум ја отвора вратата на летото на Viktor&Rolf
Мирисните бомби на Viktor&Rolf, од серијалот Spicebomb, се претставени како оружје за масовно заведување.
Spicebomb мирисната линија на авангардното холандско дуо Viktor&Rolf è побогата за уште еден опасен парфем. Во оригинално пакување, карактеристично за Spicebomb, доаѓа најновиот машки мирис Spicebomb Infrared, што ќе ги вжешти високите летни температури.
Spicebomb Infrared е интензивно мирисно искуство што комбинира јаки и донекаде егзотични зачини како што се чили, Хабанеро, како и со ноти од овошје и цимет. За создавачите новата парфемска бомба е експлозивен концентрат на мажевна сензуалност.
Viktor&Rolf со Spicebomb Infrared повторно поништува конвенција и открива мирис што не прави отстапки, со експлозивниот концентрат на машката сензуалност.
Мирисната експлозија е неизбежна!
На Spicebomb серијата на машки парфеми, во која досега беа Spicebomb Night Vision, Spicebomb Eau de Toilette, како и Eau de Parfum Extreme, деновиве им се придружува Spicebomb Infrared./M.M.