Не верувајте во сè што мислите! Пораката е од Riccardo Tisci, креаторот на есенската колекција на Burberry, за која создава веќе три години. Оваа, најнова колекција имено е водена повеќе со инстинкт, отколку со метод. На видеото, од езерото Комо, каде што беше во посета на неговата мајка, тој ја наведе британската ексцентричност како извор на досегашната инспирација. Меѓутоа, на штотуку претставената есенска колекција, се чувствува дека наместо англофилскиот пристап, доминира она што тој најдобро го знае: сопствената насоченост.
Опишувајќи го своето пандемско искуство дизајнерот вели: „Имав време да се смирам, успорам. Модниот бизнис е многу брз. Тоа е огромна компанија.
Tisci претстави фокусирана женска колекција, втемелена на сензуален но одржлив гламур, што ја дефинираат неговата кариера. Едновремено, тоа е и Burberry колекција, создадена со најмалку средства.
Леснотијата и прилагодливоста доминираат во уметнички и занаетчиски изработената колекцијата, поткрепена со мотиви на камшикување на еко-вештачко крзно, што ја носи пораката на Tisci, насочена кон заштита на природата.
„Мислам дека е многу секси, но без да биде вулгарна. Женственоста е нешто што навистина сакав да го постигнам во Burberry кога пристигнав, бидејќи тоа е многу машка компанија “, рече Tisci.
Како и кај сите прогресивни млади генерации, на кои неговите видеа им оддадоа почит, автентичноста е клучна.
За Burberry, тоа се наоѓа во машкиот карактер за облека, што женските клиенти веројатно и ја очекуваат./M.M.