По една деценија во моделингот, со Моделс Ин Менаџмент агенцијата, и исто толку време во салонот за убавина, како менаџер и косопственик, за Николовски се вели дека е голем професионалец дека е харизматичен, како и дека добрата форма и постојаната подготвеност, што ја бара моделингот, ја остварува преку фитнесот и џоингот.-  За професијата модел, вели тој, е важно да се почне што порано, да се верува во себе и да се препушти можноста за кариера на вистинските луѓе (матичните агенти). Тие се тука да им го покажат патот до професионалниот моделинг.

ММ: Како би ја опишале модната сцена во Македонија, каде е во споредба со сцената во регионот, што  би било карактеристично за регионалниот моден простор?

Од моето досегашното искуство, можам да посочам дека регионално не се разликуваме од соседите,бидејки работев во повеќе земји во регионов и само финеси се во прашање. Модната сцена во Македонија сосема добро се развива, ги пратиме светските трендови и успешно ги имплементираме во пракса.

ММ: Колку се смени животот откако ја започнавте кариерата на модел?

Во секој случај ми се сменија работите кон подобро, а самата професија на модел налага физичка подготвеност, како и спремност за брзи промени: (за професионалноста и моите лични ангажмани, сепак, учев од најдобрите), од мојата матична агенција Моделс Ин – тие ме научија како да ги селектирам добрите ангажмани и како да се изградам во вистински професионалец.

ММ: Со што се занимавате покрај моделирањето?

Покрај моделингот, повејке од 10 години се занимавам со мојата примарна професија, косопсвеник на салон за убавина, каде што, низ сите овие години, креативно се развивав и на некој начин секогаш бев блиску до модните предизвици.

ММ: Модел во Македонија и да се биде модел во големиот свет – може ли да се направи паралела?

Како професионалец во оваа работа јас пристапувам сериозно без разлика каде сум и за кој бренд работам. Паралела можам да направам единствено со констатација дека, кога се работи во странство, многу поголем тим на професионалци е вклучен во создавањето на еден проект, каде сто секој си ја одработува својата задача. Друга паралела е што кога работиш во странство, многу повеќе си платен. Со самото тоа, вредноста на мојата работа добива на тежина.

ММ: Со кого би сакале да соработувате во иднина?

Што се однесува до светските дизајнери мои фаворити за соработка би биле: Германскиот дизајнер Philipp Plein, Tom Ford и незаменливата Donatela Versace. Доколку станува звор за светските модни фотографи би сакал на некој проект да соработувам со: Peter Lindbergh, Ellen von Unwerth и со Американскиот врвен фотограф Steven Meisel, а од поновата генерација би го издвоил турскиот фотограф Мерт Алас.

ММ: Кои се добрите и лошите страни на моделингот? Колку жртви се потребни за да се влезе во светскиот моделинг?

Во мојот случај, многу повеќе би ги издвоил добрите страни: имено, освен убавата заработка, тука се неизбежните патувања, запознавањето со многу интересни луѓе вклучени во оваа професија, како и одличните дружби помеѓу нас моделите, додека од лошите страни можеме да ги наброиме: физичката подготвеност преку целата година, достапноста на моделот во секое време, долгите чекања по аеродроми (пропуштени летови) и често одрекување од “омилената” храна.

ММ: Како го опишувате вашиот личен стил на облекување?

Мојот стил во глобала го дефинирам како Smart Casual, меѓутоа секогаш внимавам за која пригода и каде да бидам соодветно облечен. Како слаба страна ми се модните детали, без кои неможам да замислам еден модерен аутфит.

ММ: Ваш совет за сите оние кои сакаат да станат модели.

За професијата модел е важно да се почне што порано, да се верува во себе и да се препушти можноста за кариера на вистинските луѓе (матичните агенти). Тие се тука да им го покажат патот до професионалниот моделинг.

ММ: Треба ли да се верува дека соништата се остваруваат кога ќе станеме достојни за нив. Кои се вашите планови за годинава?

Секогаш треба да се верува, меѓутоа треба да делуваме и работиме во насока на остварување на своите соништа. Заради светската пандемија веќе неможе ништо долгорочно да се планира, единствено што чекам е да се отворат границите, за да можам повторно да се почуствувам како слободен човек. Бидејки мојата работа е поврзана со патувањата, единсвениот план е да се надмине ова ново искуство. Сакам еден нов свет поубав, слободен, без граници каде што повторно ќе бидам креативен и свој./M.M.

 

More in:Модели

You may also like

Comments are closed.