Приклучи се на европскиот филмски предизвик
Иновативната дигитална платформа European Film Challenge, на сите љубители на европскиот филм им нуди уникатна можност да бидат дел од спектакуларниот Кански Филмски Фестивал.
Секој кој сака да учествува и да стане потенцијален добитник, треба во временски периот од 10 недели, да изгледа 10 европски филмови на репертоарот на телевизија или на некоја од легалните видео – стриминг платформи. Учесникот со најмногу освоени поени ќе отпатува на Канскиот Филмски Фестивал 2021.
Со регистрација на https://europeanfilmchallenge.eu/mk/ и со гледање на европски филмови учесниците стануваат дел од оваа приказна и добиваат прекрасна можност да зачекорат на црвениот тепих во Кан. Учесниците своето искуство треба да го споделат на социјалните мрежи со фотографија како гледаат филм, под хаштагот #EuropeanFilmChallenge.
Во случај овој фестивал да биде откажан поради ситуацијата со вирусот Ковид-19 или доколку постојат рестрикции за патување победникот ќе добие Home Cinema Experience пакет.
Проектот го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21, со поддршка од програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската Филмска Индустрија.
Ќе играме? #EuropeanFilmChallenge
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.