Nicky Zimmerman

Zimmermann ја претставува колекцијата есен/зима 21, со дигитално шоу насловено „In Concerto“: Дизајнерката на модерен начин донесе елементи кои потсетуваат на 70-тите и 80-тите години.

https://www.zimmermannwear.com/eu/fall-2021-in-concert

Дизајнерката Nicky Zimmerman ни открива колекција во која владее нејзината страст за отисоци и текстури, слоевит, софистициран изглед. „Оваа сезона ме инспирира сеќавањето на австралиската музичка телевизиска програма од 70-тите и 80-тите години, наречена „Countdown„. Во предградијата каде што пораснав, неделата вечер, помеѓу 18 и 19 часот, претставуваше момент на возбудливо и сугестивно бегство, каде што музиката, модата и околниот свет се сретнуваа на малите екрани, вели креативен директор на брендот Nicky Zimmerman .“

На програмата беа големи меѓународни бендови, кои беа на турнеја низ Австралија. Настапуваа заедно со етаблирани и нови локални уметници, чии настапи беа проследени со шеговити интервјуа со водителката Molly Meldrum.

Ја сакав енергијата и креативноста што секоја епизода ја пренесуваше – беше толку привлечна! Имаше големо влијание врз мене како тинејџер. Темите на колекцијата потекнуваат од расположението што го будеше програмата, како од епохата низ која поминала.

Радоста и еуфоријата, стилизираните скици на касети и плеери, sвездите и музичкиот поп-арт се отсликуваат на облеката на накитот и на Zimmerman. Боите и текстурите коегзистираат во хармонија со типичните украси, кои се апсолутен потпис на Zimmerman. Златни мрежи, кристални копчиња, лелеави мини здолништа и складни комплети со кошули со карнери, градат екстравагантни силуети со посебен стил и елеганција./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.