Во градскиот парк, на тепих од паднати лисја, се случува најновата дигитална кампања на Gucci, насловена токму така – Winter in the park. Колекцијата ја носат, односно презентираат, пејачката и кант-авторката Celeste, модниот дизајнер и телевизиска личност Alexa Chung и авторката Vanessa Kirby.
Прославувајќи го отклучувањето, слободата повторно да се движиме низ градот и да размислуваме за поврзувањата со природата во градот, трите промоторки на колекцијата се снимени во лондонскиот Хајд Парк, во лежерна и опуштена атмосфера. Промоторките носат класични Gucci парчиња, како на пример Princetown чевли-папучи, Beloved чанти во различни дименции, и големи очила за сонце.
Колекцијата ја вклучува и GG Marmont чантата, од мека кожа, со детали исти како на онаа на Double G, од 70-тите, надополнета и со повеќе други дизајнерски влијанија, во наредните децении. За сите влијанија, на сајтот на Gucci детално информираат, во претставувањето на оваа, најнова колекција.
Ние би додале дека и во преставените парчиња јасно можат да се прочитаат влијанијата од колекциите од претходните децении, надополнети со допири од современи трендови, поставени во хармонија што повикува на една нова, поинаква зима- зима на Gucci, во паркот, со Winter in the park./М.М.
https://www.gucci.com/us/en/st/stories/advertising-campaign/article/gucci-beloved-winter-in-the-park