Претставувјќи ја колекцијата есен/зима 21-22, Julien Dossena, креативниот директор на модната куќа Paco Rabanne посочи дека „добрата работа во модата е што ние предлагаме облека за следните шест месеци. Значи, се надеваме дека за шест месеци ќе биде голема забава, секој ќе излегува со денови и со ноќи„
Коментирајќи го видео-претставувањето на колекцијата, на кое млади девојки скокаат и се кикотат пред цветни позадини. https://www.youtube.com/watch?v=FkxhKB61LoI тој посочи: „Беше многу забавно да се бавам само со тоа и како девојките уживаа во преставувањето, ослободувајќи ги тие вибрации на вистинско задоволство “.
Она што видеото престави беше дел од многу париски – слики, поврзани со хедонистичката фотографија на францускиот Вог во 70-тите и 80-тите години на минатиот век – и дел од стајлингот на принцезата Дајана.
Максималистичкиот пристап се огледа во големите бели крагни со остри агли на кадифени фустани и Шетландски џемпери, потоа деколтеата со бордури од тантела и твид палта на англиските лејди, како и во изобилство кристален накит украсени со потписот на Пако Рабан.
Тој вели дека напливот на оптимизам во ателјето „Пако Рабан“ делумно потекнува од животот до 18 часот, до полицискиот час во Париз. „Разговаравме во студиото за тоа како е кога сте сèуште тинејџер, а вашите родители нема да ви дозволат да излегувате навечер – но вие сонувате како ќе биде кога ќе можете да излегувате. Во времето кога ќе можете да се забавувате создавајќи свој идентитет./М.М.