Saint Laurent

Наспроти црно-бели фотографии, карактеристични за последнава деценија на славниот бренд, пролетната колекција на Saint Laurent со Kate Moss е во боја. Позирајќи пред графити во Париз, британскиот модел  доби изглед дизајниран од Ентони Вакарело. Таа носи црно-бел кардиган во комбинација со блуза од тантела и кожни шорцеви.

Британскиот модел долго соработува со Saint Laurent. Освен последнава колекција во колор, тие имаат соработувано и во 2004 година, кога Кејт Мос во колор ја промовираше лентата колекција, со која е и на насловната на Vogue со топ и здолниште на Yves Saint Laurent.

Инаку, Saint Laurent пролетва ја замислува и со долги јакни, сакоа со двојни копчиња, куси панталони и мини здолништа и впечатливи детали што можат  да се видат и купат на нивниот сајт https://www.ysl.com/en-en/double-breasted-jacket-in-wool-gabardine-648754Y7B732303.html /M.M.

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.