Хачапури, односно Хачапу́ри е јадење од грузиската кујна, грузиски национален производ кој од 2019 година има статус на нематеријален споменик на културното наследство на Грузија. Нашиот рецепт е варијанта на Хачапури што ја подготвуваме со ајдемер, сино сирење и јајце.
За тестото за три хачапури потребни се следниве состојки:
- 500 гр. Брашно,
- 120 мл. Млеко млако,
- 100 мл. Вода млака,
- мала лажица шеќер,
- две мали лажички маслиново масло,
- две мали лажички сол,
- половина пакување квасец.
Сите состојки освен брашното. Се мешаат квасецот, водата, млекото и шеќерот, се оставаат квасецот да се активира. Потоа во брашно се додава квасецот, како и маслиново масло, сол и се замесува меко тесто. Кога убаво ќе се измести, се дели на три еднакви дела, за од нив да се направат три топчиња кои се оставаат еден час, покриени со крпа, за да стасаат и двојно да се зголемат. Потоа се формираат хачапурите, се филуваат и се ставаат да се печат на хартија во загреана рерна на 250 Ц.
Филот може да биде различен – со разновидни сирења: ајдемер, моцарела, сино сирење за во витките и јајце во средина./Б.Б.