Секоја година за Василица пита со паричка по следниот рецептот.

Состојки: 400 гр брашно, 50 мл. масло, лажиче сол, малку шеќер, 200 мл. вода (по потреба), лажица оцет.

За фил е потребно 300 гр. сирење или урда.

Подготовка: Од состојките се замесува меко тесто и се остава 20 минути да одстои. Се дели на пет топчиња, се расукуваат, се премачкуваат со зејтин а, може по желба и со путер. Се оставаат 20 минути, да одмори тестото, за потоа да се тегнат, се попрскуваат со масло и се филуваат со сирење. Се виткаат во ролни и се редат во намесетена тава во круг. Се пече на загреана рерна на 220Ц, околу 20 минути. /Б.Б.

 

 

You may also like

Comments are closed.