Речиси да нема некој што не им се радува на празничните денови. Токму тогаш сите повеќе внимание посветуваме и на уредувањето на домот, како и на сопственото средување. Тоа што годинава домот ќе ни биде главната дестинацијата, поради здравствените причини, не би требало да ги запре сите оние кои им посветуваат особено внимание на рацете и на ноктите. Имено, годинава како да е безгранична имагинацијата за празничните мотиви за ноктите. Блогерите на социјалните мрежи, специјализираните салони, секако и големите дистрибутери излегоа со бројни идеи и предлози. Доколку сè уште не сте ги дотерале ноктите, а сте љубител на нивно оригинално украсување, или пак ви недостасува идеја плус, предлагаме да ги погледнете понудените решенија. Направите магијата да блесне во вашите раце. /M.M.