Претставувајќи ја својата колекција Донатела Версаче повикува во Версачеполис, утописка настамба под морето, создадена за силни и самоуверени мажи и жени.
„Сакав да создадам нешто вознемирувачко, нешто што може да биде во согласност со она што се смени во сите нас. За мене тоа значеше сонување на нов свет. Свет создаден од фантастични суштества, свет во кој сите можеме мирно да коегзистираме “. Колекцијата го изразува засилениот став согласно кој гледа кон иднината со оптимизам и надеж. /М.М.