Колекцијата „Модерно наследство“ на Барбур (Barbour) промовира постојани и нови материјали, како фустани и рециклирана трикотажа, насочувајќи се кон женската модна облека со мешавина од паметна и лежерна облека.
Колекцијата е дизајнирана за жени кои се низ дома или на отворено и ја следат архивата на Барбур од 1910 година, со шкотското наследство и корените на брендот. Колекцијата го одразува начинот на кој жените го поминуваат своето време денес, воглавно дома, и сакаат облека што е доволно елегантна и стилска за да присуствуваат на состанок преку Интернет, но исто така удобна и опуштена. Се бараат класични парчиња што се функционални и подолго ќе траат.
Колекцијата го рефлектира она што го нарекува „промена на животниот стил на жените денес“, со фустани, палта и трикотажни парчиња.
Новата колекција е одговорот на жените кои сакаат да инвестираат во „безвременски“ парчиња, а во срцето на новата понуда се и волна и памук, како и рециклирана трикотажа.
Колекцијата „Модерно наследство„ ќе биде достапна во продавниците на Барбур и преку Интернет од јули 2021 година. / M.M.