
Колекцијата на haute couture на Tamara Ralph за есен/зима 2025-2026 е омаж на вечната убавина на рачната изработка и на класичниот сјај, со современ модерен израз што ја нагласува естетската прецизност на Art Deco стилот во модата. Влијанието на Art Deco се гледа низ секој детал – од силни агли и структурирани линии до блескави надополнувања со кристали и бисери. Некои од најимпресивните парчиња се бисерни
комбинации кои блескаат како винтиџ лустери, скулптурни ансамбли со кристална мрежа и големи бисери, додека драпирани и плисирани свили ја истакнуваат фигурата.
Особено внимание привлече отворањето на ревијата со резинско боди инкрустирано со рачно полирани школки, како и невестинскиот изглед со бисерна основа и мрежа со внимателно вшивани школки, кои ја завршија ревијата со поетска рамнотежа помеѓу кршливост и сила.
Според модната куќа, најновата колекција претставува соединување на елеганцијата на Арт Деко со духот на висока мода, при што секој детал – од корсетите, драпираниот сатен и свилениот крејп, до украсите од монистри и кристали – ја истакнува прецизноста, суптилната женственост и мајсторството на изработката на брендот.

Забавен момент беше минијатурната облека од тул на ќерката на дизајнерката Тамара Ралф, која ја рефлектираше облеката од пистата, потврдувајќи ја интимната врска меѓу дизајнерката и креативниот процес. Скулптурните композиции од стотици сјајни sequins и геометриски форми ја слават ерата на Art Deco во година на нејзиниот центенар, со хармонија помеѓу драмата и прецизноста, современата
сенсибилност и декоративната воздржаност./M.M.




