Колекцијата H&M Conscious Exclusive ја истакнува иновативната одржливост на ткаенините  создадени од обновливи извори

 

Најновата колекција на H&M „Conscious Exclusive„ наменета за есен / зима 2020  е во знакот на елегантни вечерни парчиња изработени од обновливи извори материјали,  од отпад. Шведскиот гигант за малопродажба оваа своја колекција ја нарекува и истражување на убавината на отпадот, бидејќи она што нормално се фрла е „нарочно трансформирано во богатства за да биде сакано и вреднувано“.

Колекцијата е буквално создадена од отпад, со ткаенини направени од влакна од стари, користени теписи, како и пакувања од пластични и пет амбалажа. Користени се иновативни ткаенини и процеси кои го трансформираат отпадот од храна во природни влакна, фабрички направени од обновливи извори на дрвена пулпа и уникатен процес од облека до облека. Некои од парчињата се изработени со помош на процесот наречен „Агралооп“ кој ги претвора отпадните култури на маслото од коноп во „био влакна од коноп“.

Процесот, кој го прави своето деби за H&M, има за цел да ги прошири можностите за производството на облека, развиени од добитникот на првата награда на Global Change фондацијата на  H&M, во 2018 година. Колекцијата исто така го користи она што го нарекува „свила на иднината“, иновативно целулозно предиво произведено од Eastman, Naia Renew. Предивото е од влакна  наменети за модерна женска облека се 60 проценти од дрвена пулпа од одржливи извори и 40 проценти од сертифицирана рециклирана отпадна пластика.

Лансирањето на колекцијата се планира на први декември ,преку Интернет, на веб-страницата на  H&M Conscious Exclusive колекцијата за есен / зима 2020 во која се појавува Зиниа Кумар, екологист, активист и модел: „Воодушевен сум што сум дел од оваа кампања што го трасира патот одржливите колекции да станат индустриска норма. Како потрошувачи, повеќе нема да треба да правиме разлика помеѓу модерноста и одржливоста, бидејќи тие ќе станат едно„.

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.