Модната куќа Zimmermann ја претстави својата Cruise RTW 2026 колекција на егзотичниот остров Миконос, спојувајќи слободарски дух, драматична романтика и современа естетика.
Под насловот Twisted Romance, колекцијата е разигран омаж на пиратската носталгија и естетиката на романтизмот од 1980-тите, носејќи свежа и современа интерпретација на романтичниот дух и модната бунтовност.
Креативната директорка, Ники Зимерман (Nicky Zimmermann), ја опишува колекцијата како „богатство од носталгија, прераскажано преку лесни ткаенини, динамични силуети и илустративни принтови кои создаваат безгрижно расположение“. Таа нагласува дека токму контрастите ја дефинираат колекцијата: „леки свили наспроти структуриран тексас, нежна чипка спроти остро кроење“.
Во Twisted Romance преовладува волуменот, драмата и романтиката, но сè со доза на иронија и слобода. „Тоа чувство на тензија е она што ја прави оваа колекција модерна – славење на забава, слобода и мала доза бунтовен авантуризам“, додава Зимерман.
Колекцијата најавува безвременска елеганција со дух на истражување – вистинско модно патување низ стилови, емоции и сонувачки островски пејзажи. https://www.zimmermann.com/en-eu/cruise-rtw-2026
Во официјалното соопштение од Zimmermann не се споменува директна инспирација од филмскиот серијал „Пиратите од Карибите“ или од ликот Џек Спероу што го глуми Џони Деп. Сепак, не може целосно да се исклучи влијанието на популарната култура. Ликови како Џек Спероу, кои спојуваат ексцентричен стил, бунтовништво и заводливост, сигурно оставиле трага во колективната модна имагинација. Тоа влијание можеби не е директно наведено, но може да се почувствува во драматичноста, слоевитоста и театралноста на колекцијата./M.M.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.