Мода вестиМоден мозаик

Kолекцијата на Rahul Mishra – уметнички израз на модни дизајни

Колекцијата за пролет/лето 2025. на Rahul Mishra ја надминува традиционалната мода, позиционирајќи се како моќно дело на применета уметност. Преку сложената изработка, архитектонските мотиви и длабоко симболичната нарација, колекцијата не само што ја истражува човечката ранливост и издржливост, туку и нè повикува да го преиспитаме нашиот однос кон животната средина и кон космосот. Модата и приказната на Carl Sagan се визуелен дијалог помеѓу кревкоста на урбаниот живот и регенеративната моќ на природата, каде што модните дизајни се длабок израз на уметноста што зборува и за личното и за универзалното. Претставувањето на колекцијата е на следниот линк:

Инспириран од делото на Sagan за бледо сината точка (The Pale Blue Dot), индискиот моден дизајнер Rahul Mishra во својата сouture колекција претставена на париската недела на високата мода (Paris Couture Week), понуди свое видување на човековата кревкост, отпорност и на нашето место во универзумот.
Кревкоста на структурите создадени од човек – претставени низ скулптурни силуети, со крилести наметки, здолништа со песочен часовник или структурни украси, ја симболизираат интеракцијата помеѓу величественоста на универзумот со пропаѓањето во современиот свет.
Црпејќи инспирација од размислувањата на Sagan за човековото постоење, креациите на Mishra ја симболизираат и моќта на обновата на природата, преку мотиви на птици, како исцелување на природата среде урбаните урнатини.
Кружните елементи со огледала на моделите навестуваат моменти на интроспекција и космички фрагменти, повикувајќи на продлабочено размислување. Финалето презентираше златни фустани – богато украсени со сложени везови, вклучително и мотив на матка – симболизирајќи ја женската сила и способноста за регенерација на животот./M.M.

You may also like

Comments are closed.