Jimmy Choo невестинската колекција за 2025-та е единствено модно патување низ време и стилови.
Невестинската колекција на Jimmy Choo нуди разновидни обувки: од класични бели салонки и сандали со кристали, до рамни чевли со мониста. Сето претставува обединување на стилски и удобни чевли за различни пригоди – од танц во големи салони, до церемонии во градини.
Чевлите се дизајнирани да им овозможат на невестите да се чуствуваат елегантно и комфорно, за лесно да преминат од церемонијата на танцување. Колекцијата содржи и аксесоари, како чантата Micro Bon Bon, украсена со кристали и машнички, како и Xandra, структурирана во минималистички дизајн.
Познат по своите моќни дизајни, Jimmy Choo продолжува и во оваа колекција да ја спојува традиционалната изработка со современата естетика.
Jimmy Choo е малезиски моден дизајнер, роден во 1961 година, во Куала Лумпур. Познат е по луксузните обувки промовирани преку неговиот бренд Jimmy Choo Ltd., кој стана глобално признат. Choo ја изгради својата кариера во Велика Британија, каде што се здоби со репутација на еден од најпознатите дизајнери во индустријата за обувки./М.М.

You may also like

Comments are closed.