Оригинална порција задоволство за носење во Moschino Resort 2025: шармантен накит со бисер и – кроасан.
Накитот е дизајниран да внесе допир на забава и луксуз во секојдневниот стил. Едновремено е и совршен за оние кои сакаат да додадат допир на шарм и хумор во својата гардероба.
Колекцијата Moschino Resort 2025 носи оригинален накит за љубителите на високата модата: инспирирана од француската симболика, оваа колекција комбинира елегантни бисери со форми на кроасан.
Според претставувањето од Moschino, се работи за извонредно парче накит: ѓердан направен со двоjна низа од бисери и детал во облик на голем кроасан. Според нив, бисерот со кроасан е уникатен спој на луксуз и разигран дизајн што ја одразува естетиката на брендот./М.М.