Американскиот бренд Ralph Lauren останува посакуван повеќе од половина век: безвременскиот, класично американски стил со, во суштина, капсула гардероба, во која секој предмет се чувствува
како наследство, а сепак е постојано во тренд, е безмалу заштитен знак на модната куќа. Оваа сезона, во знакот на токму тоа наследство, создадена е новата, празнична кампања која им оддава почит на корените на основачот на брендот, на дизајнерот Ralph Lauren, од Њујорк.
Неспоредливата празнична енергија на градот, блескавите реклами и осветлените прозорци на авенијата Медисон и на Централниот парк наоѓаат своја рефлексија во празничната колекција.
Во колекцијата има по нешто за целото семејство: стилски парчиња за жени и мажи, слатка облека за деца, како и домашен прибор за презничните вечери да бидат посебни и незаборавни.
Гламурозна вечерна облека со смокинг и впечатливи фустани
Вечерните фустани инспирирани од Art Deco се на врвот на празничната листа – особено металните велур фустани со препознатливи плетени мотиви на Ralph Lauren – како ново читање на стариот холивудски гламур. Блејзерите се скроени да ја истакнат женската силуета, со навестување на мажественост во структурираните раменици: изгледот зрачи со самодоверба и како да вели „сите очи се вперени во мене“.
Класична New York Yankees носталгија Колекцијата на машка облека во стилот на Ralph Lauren подразбира, освен класични палта, и карирани блејзери, елеци и панталони, кои доаѓаат во божиќните бои. Со нив, уште еднаш Lauren ја покажува својата љубов кон Њујорк и Yankees, со нивното лого насèкаде, од универзитетски јакни до поло џемпери и бејзбол капи.
Детска празнична облека Класичниот американски стил е присутен и во изгледите на најмладите во семејството.
Кадифените јакни, со златести детали и мини смокинг се за елегантни за специјални прилики, а лежерните џемпери, со логото на Ralph Lauren, за опуштена игра и забава./M.M.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.