Најновото истражување потврда дека акупунктурата е вредна опција за конзервативен третман за лица кои страдаат од хронична ишијасна болка.
Најновите докази ја истакнуваат ефективноста на акупунктурата кога е во прашање ублажување на болката поврзана со ишијас, особено доколу е предизвикана од хернија на ‘рбетниот диск. Се работи за клиничко испитување спроведено во Кина во кое учествуваа 216 лица кои страдаат од хроничен ишијас. Учесниците била поделени во две групи: едната доби 10 сесии на акупунктура, додека другата доби лажна акупунктура во период од четири недели.
Резултатите покажале значителни придобивки за оние кои добиле третмани со акупунктура. Тие што доживеале двојно намалување на болката и речиси трипати намалување на попреченоста во споредба со пласибо групите. Овие подобрувања беа одржани во текот на целиот период на следење од 52 недели, што укажува на долгорочни придобивки. Битно е и дека за време на експериментот не се пријавени несакани состојби или последици.
Студијата имаше за цел да обезбеди цврсти клинички докази за ефикасноста на акупунктурата, област на која претходно и недостасуваше суштествено истражување. Наодите беа објавени во JAMA Internal Medicine и се усогласени со мета-анализата од 2023 година во Frontiers in Neuroscience, која исто така го документираше успехот на акупунктурата во лекувањето на ишијасот на глобално ниво. Генерално, ова испитување ја зајакнува акупунктурата како вредна опција за конзервативен третман за лица кои страдаат од хронична ишијасна болка./М.М.

You may also like

Comments are closed.