Со слоганот „Време е за чај“, од 14 до 17 ноември на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе биде отворен голем „Фестивал на чај“, на кој ќе се претстават 30-тина учесници. Фестивалот е во организација на Платформата за истражување и промоција на природата и културата „ Експедиција Природа“ и Скопје Сити Мол.
На четиридневниот фестивал, посетителите ќе имаат исклучителна можност да дегустираат и купат чаеви, продукти од ароматични билки, есенцијални масла и повеќе да дознаат за добрината на природата, традицијата, културата и моќта на лековитите билки.
Предвидено е одржување на едукативна трибина, како и на работилниците: „Фитоклиника“и „Wellness Фитоарома терапија – face yoga“. Церемониите на чај ќе биде презентирана од турскиот Институт „Јунуз Емре“ и пд кинескиот Институт „Конфуциј“ при УКИМ.
Со едукативно катче ќе се претстави и „Ботаничката градина“ при ПМФ од Скопје и студентите од ИДСБ (Истражувачко друштво на студенти биолози), кои ќе ги презентираат македонските билки, науката и младиот потенцијал биолози. Во научното катче, децата и возрасните ќе можат заедно со ИДСБ да истражуваат хербариум, инсектариум и преку бинокулар (стереоскопски микроскоп) да ја погледнат димензијата на минијатурните семиња.
Во уметничкото катче „Градина“, децата ќе имаат можност да уживаат во сликањето заедно со уметницата Сања Јовановска.
Фокусот на фестивалот е автентичноста која ни ја дава природата преку билките, природната медицина – лековитите билки, од кои се подготвуваат чаеви, есенцијални масла и сапунчиња, препарати за здрав живот, мевлеми и чајни колачи од билки, шумски плодови, путери и масло од лешници и мармалади. Посебен простор е резервиран за пчелини производи, како природниот мед и козметика од мед и пчелини производи за поздрав живот. Неколку уметници и ракотворци ќе го дообојат фестивалот со рачно изработени чајници и филџани за чај. Посетителите ќе имаат можност од производителите на чаеви да добијат совети за поздрав живот и есенцијални масла од ароматични и лековити билки./М.М.
More in:Вести
H&M и Чарли XCX со ненадеен концерт за сите
Во знак на прослава на празничната колекција на H&M, илјадници љубители на музиката и на ...
Спомените ги чува и телото – не само мозокот!
Општо е познато дека мозокот, односно мозочните клетки – складираат спомени. Но, тим научници од ...
Глен Мартенс – гостин дизајнер на H&M за Есен 2025 година
H&M со задоволство објави една од своите следни дизајнерски соработки – значајно партнерство со Глен ...
Од утре во Скопје Сити Мол „Фестивал на чај“
Со слоганот „Време е за чај“, од утре до 17 ноември, на приземјето во Скопје ...