ЗдравјеУбавина и здравје

Неочекувани откритија за витаминот Д

Најновото истражување открива дека витаминот Д може да игра позначајна улога во севкупното здравје отколку што претходно се мислеше. Истражувачите од Кина и САД испитуваа детали за 99 рандом-избрани, контролирани испитувања (RCTs) на 17.656 учесници и беа спроведени во март годинава помеѓу различни популации, на различни локации. Сеопфатниот преглед понуди нови сознанија за потенцијални придобивки од суплементација со витаминот Д.
Клучните наоди, според Medical News Today, сугерираат дека земањето дневно на просечно 3.320 IU витамин Д може да доведе до подобрувања на неколку здравствени маркери како: намален крвен притисок, намалување на вкупниот холестерол, намален хемоглобин A1C (индикатор за дијабетес тип 2)и подобрување на нивото на гликоза и инсулин во крвта.
Д-р Simin Liu, водечки автор на студијата, забележува: Откривме дека суплементацијата со витамин Д може најмногу да им користи на луѓето со пониско ниво на циркулирачки витамин Д во крвта, лицата со БМИ под 30 години и луѓето на возраст од 50 и повеќе години.
Овој наод е особено релевантен за постарите, бидејќи нивото на витамин Д има тенденција да се намалува со возраста. Истражувањето покажува дека оние со првично пониски нивоа на витамин Д можат најмногу да имаат корист од суплементацијата.
Сепак, од клучно значење е внимателно да се толкуваат овие резултати. Д-р Jayne Morgan, кардиолог, објаснува: Иако има многу студии кои покажуваат врска помеѓу витаминот Д и помалиот ризик од срцеви заболувања, сè уште постои недостиг на директна причинско-
последична врска.
Студијата ја нагласува потребата за персонализиран пристап кон дополнување со витаминот Д.
Фактори како што се етничката припадност, возраста, телесната тежина и моменталните нивоа на витамин Д, влијаат врз потенцијалните придобивки.
Неочекуваната улога на витаминот Д за кардио-метаболното здравје не значи дека суплементацијата може да започне и без консултација на лекар. Тие можат да утврдат каква суплементацијата е потребна и да ја препорачаат точната доза. Можат да предложат и дополнувања со витаминот со К2 , што исто така може да има полезни придобивки, особено за здравјето на срцето./М.М.

You may also like

Comments are closed.