Европската премиера на изложбата “Љубов за љубов: радост за сите венчавки“ на Жан Пол Готје ќе биде отворена на 21. ноември во Музејот за современата уметност во Белград (МСУБ). По примерот на најголемите светски музеи, од Музејот посочуваат дека ќе бидат домаќини на еден од најпознатите дизајнери на светската модна сцена, дека на изложбата ќе бидат премиерно представени осум венчаници.
Ќе бидат вкупно претставени 38 венчаници од високата мода креирани во периодот од 1990. до 2020. година, создадени како финале на изложбата Модниот свет на Жан Пол Готје: од тротоар до модната писта која во 12 градови ширум светот привлече два милиона посетители, уривајќи ги сите можни рекорди на посетеност на модни изложби.
Изложбата “Модниот свет Жан Пол Готје” е отворена во 2011. година во Музејот на убавите уметности во Монтреал. Потоа изложбата патуваше низ реномираните уметнички простори на Далас,Сан Франциско, Мадрид, Ротердам, Стокхолм, Лондон, Мелбурн, Париз, Минхен и Сеул.
Посебна ексклузивност на поставката е светската премиера дури осум венчаница на Готје кои досега не биле дел на оваа изложба.