Модната недела во Копенхаген (Copenhagen Fashion Week) ја зацврсти својата позиција на светски водечки моден настан, прикажувајќи уникатен спој на креативност, инклузија и комерцијална привлечност. Спонзориран од Zalando, штотуку завршениот настан ја нагласува одржливоста и негувањето на младите таленти, издвојувајќи се со тоа од другите модни недели.
Оваа година, ирската дизајнерка Sinéad O’Dwyer, добитничка на наградата Zalando Visionary, направи оригинално претставување на својата доминантно инклузивна колекција. Позната по нејзината посветеност на различноста, таа соработуваше со Danish Association на слепи, за да создаде пристапна модна писта во Опера Парк, во Копенхаген, на која за прв пат настапуваше слепа манекенка. Колекцијата вклучуваше фустани со прерамки, боди и иновативен тексас, сите достапни за слепите и за гледачите со оштетен вид, преку аудио описи и примероци од ткаенина.

A Roege Hove, бренд кој претходно паузираше поради економски тешкотии, претстави зрела колекција од трикотажа и структурирани дизајни, прикажувајќи модели за различни возрасти и големини.
Брендовите како (Di)Vision, кои се вратија со „see-now-buy-now“ колекцијата и Rotate, позната по своите романтични и етерични дизајни, дополнително ја покажаа различноста на стиловите на модната недела на Копенхаген. Еклектичната колекција на (Di)Vision, фокусирана на Gen Z, беше во контраст со елеганцијата на Rotate, инспирирана од 1920-тите, докажувајќи дека модната сцена во данската престолнина е богата со разновидност и иновации.
Соработката помеѓу овие брендови и нивните стратешки партнерства, како што се (Di)Vision со The Ordinary и Rotate со Pandora, нагласуваат како модната недела во Копенхаген успешно ја спојувајќи ја креативноста со комерцијалниот успех.
И покрај релативно кусото време на постоење, Модната недела на Копенхаген го зголемува своето влијание, привлекувајќи внимание со својата посветеност на одржливоста, инклузивноста и поддршка за младите дизајнери. Настанот е доказ за уникатниот пристап на градот кон модата, кадешто креативноста и трговијата коегзистираат хармонично, поставувајќи нови стандарди за глобалната модна индустрија.
Rotate, бренд што постои само пет години, сличен на Gestuz – основан во 2008 година и The Garment, бренд што постои едвај четири години и е еден од најбараните во данската престолнина, покажуваат дека долговечноста и традицијата, кои често се клуч за успех на модните недели во Париз, Милано или Њујорк, не се нужно потребни за да се остави впечаток на данската модна сцена.


Ова можеби највпечатливо го демонстрира Ganni, бренд кој последните две сезони не е присутен на модните сцени, но затоа сè уште има модна доминација на улиците на Копенхаген./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.