Мода вестиМоделиМоден мозаик

Андреј Пајмакоски во рекламата на Polinesia

Нашиот модел Андреј Пајмакоски со години работи како интернационален модел, па неговите успеси никако не остануваат незабележани. Меѓу последните проекти е и летната рекламна кампања за шпанскиот бренд Polinesia.
Кампањата е снимана на повеќе егзотични дестинации, а последната се Кајмаканските Острови. Андреј е застапуван од ЕЛИТ, една од најдобрите светски агенции која, соработувајќи со најдборите брендови, обезбедува врвни ангажмани за своите модели.


Андреј е врвен професионалец кој со својата егзотична убавина, има што да покаже во интернационалниот моделинг. Од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент, истакнуваат дека се горди на неговите успеси во светот на моделингот.

 

You may also like

Comments are closed.