„Лажни светови” е насловот на најновата песна на Бојана Скендеровски. Станува збор за балада во која таа ja покажува сета своја емоција – „Лажни светови” е вистинска емотивна, женска песна, која Бојана ја носи маестрално и го покажува сиот свој музички раскош.


Автор на музиката и текстот е Александар Тарабунов – Тара, а на аранжманот Димитар Андоновски.
„Одамна сакав ваква песна, сакав да отпеам нешто што ќе трае. Сакав песна со музика, мелодија и песна што ќе може да биде отсвирена во живо, со инструменти. Во денешно време на компјутерска музика ни недостасуваат песни со мелодија отсвирени во живо”, вели Бојана и призна дека верува во “Лажни светови” зашто е направена со многу љубов и емоции.


За песната е снимено и видео кое е работено во Скендеровски продукција, во кое главната улога и припаѓа на Бојана, а акцентот е ставен на емоцијата. Бојана се појавува во неколку интересни креации за кои била задолжена Ивана Кнез.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.