Најновата колекција на Daniel Roseberry за Schiaparelli одстапува од основната претстава за брендот, фокусирајќи се на софистициран шарм на облека наменета за секојдневие. Ги претставува индивидуализмот и самоувереноста, нудејќи поинаков пристап кон дизајнот инспириран од високата мода.


Roseberry го потенцита духот на модната куќа, истакнувајќи ја еволуцијата кон готова, хипер-ексклузивна дневна гардероба. На модната писта доминира стручно,еснафско, опуштено кроење со ноншалантни ставови, кои започнуваат со Mona Tougaard и првиот костум од твид, додавајќи тон на целата колекција.


Инспириран од желбите на жените во неговиот живот, Роузбери ги почитува нивните преференции во облеката: креира неочекувани парови кои зрачат со разиграна софистицираност, проследена со златни копчиња со логото на брендот. Модните додатоци заземаат централно место, а високите патики и “S” потпетици украсени со циркони и додавајќи игривост на секој ансамбл.


Визијата на Roseberry за Schiaparelli има за цел да го редефинира идентитетот на брендот, насочувајќи го кон автентичноста и инклузивноста. Колекцијата повикува на прифаќање на индивидуалноста, на убавината на секојдневниот моден израз, означувајќи одстапување од конвенционалната на couture.


Посетителите и гледачите на социјалните мрежи говорат со восхит за текстурите и еснафските,мајсторски кроења на колекцијата. Сензуалните, а сепак елегантни изгледи блескаат и без украси, донесувајќи и мала носталгија на ’80-те и ’70-те.


Daniel Roseberry, креативниот директор на Schiaparelli од 2019 година, продолжува да добива пофалби за своите иновативни дизајни, кои едновремено се и одраз на делото на легендарната дизајнерска и основач на брендот – Elsa Schiaparelli.


Модниот филм и сите изгледи се на сајтот на Schiaparelli: https://www.schiaparelli.com/en

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.