Внимателно куриран наратив што се одвива во текот на денот и ноќна ја открива транзиција во стилот на Magda Butrym во нејзината Pre-Fall 2024 колекцијата. Од утринската облека за во канцеларија, до опуштениот шик стил за на ручек со пријателите, се до лежерениот премин во софистицираност на елеганцијата на вечерната тоалета, ова колекцијата го истражува „AM:PM облекувањето “.


Славејќи ја грациозноста и динамиката, колекцијата Pre-Fall 2024 ги прикажува смелите силуети и елеганцијата што излегува од ткаенината. Палетата на бои хармонично ги балансира богатите темни со живи светли бои, акцентирани со нејзиниот потпис – розата, како надополнување на стилските парчиња на колекцијата.


Што се однесува до материјалите, колекцијата содржи мешавина од ткаенини со волна и потпис на дизајнерката Magda Butrym.
Воведувањето на свиленкаста тафта е за чуството на сонлив романтизам, заедно со моќно структурираните кожени палта кои даваат смела изјава за оваа сезона.
Специјалната соработка со Koniaków, познат по рачно изработената чипка, додава занаетчиско наследство во современата мода и оваа колекција.


https://www.magdabutrym.com
Magda Butrym е полска модна дизајнерка позната по своите луксузни и женствени дизајни. Својот истоимен бренд го има основано во 2014 година и брзо се здоби со меѓународно признание за нејзината особена естетика и внимание на деталите.
Создава свој став за женственоста, обликувајќи уникатен идентитет за жените ширум светот. Ги поврзува минатото со иднината, минимализмот со сексипилноста, елеганцијата со силината, силата со чувствителноста. Соработува со независни занаетчии од цела Полска, збогатувајќи ги квалитетните ткаенини со рачно плетени парчиња, плетена кожа и рачно везени орнаменти.
Не сакам да ги дефинирам жените. Сакам да ги поттикнам. Сакам сите да се чувствуваме удобно во сопствената кожа, среќни, моќни и самоуверени. Сите треба да бидеме свои музи – Magda Butrym./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.