Sarah Burton, креативната директорка на Alexander McQueen во претставувањето на најновата колекција, наменета за сезоните пролет/лето 2024 истакнува дека инспирација и биле женската анатомија, кралицата Елизабета I, крвавата црвена роза и Магдалена Абаканович, креативна уметница која одбива да ја компромитира својата визија.

Посветена е и на сеќавањето на основачот на брендот, Lee Alexander McQueen, чија желба секогаш била жените да бидат силни.

Sarah Burton, со посебна причина, колекцијата ја посвети и на својот тим – на страста, талентот и на нивната лојалност.  Ова е нејзината последна колекција, пред заминувањето од Alexander McQueen.

Sarah Burton му се придружи на McQueen во 1997 година, брзо стана  шеф на женска облека и верен управител на куќата по неговото самоубиство, во 2010 година. Позната е по нејзината посветеност на занаетот и апсолутната незаинтересираност за слава. Мандатот на Burton е дефиниран со нејзината посветеност да ја одржува магијата на McQueen низ колекциите, додека вешто ги преведува со рака и око на жена дизајнер.

По 26 години поминати во Alexander McQueen, од Kering, сопственикот на брендот, неодамна стигна известување за заминувањето на креативната директорка на модната куќа. Burton според стручните мислења и реакциите на социјалните мрежи креирала колекција за паметење, доследно креативна, занаетчиски изведена…

Модната ревија, одржана во саботата, во рамките на Paris Fashion Week може да се проследи на следниот линк: https://www.alexandermcqueen.com/en-gb

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.