Означувајќи почеток на едно ново инспиративно патување, Tamara Ralph за својот истоимен бренд ја претстави деби колекцијата на висока мода, наменета за сезоните есен/зима 2023-24 година.
Со поетска интерпретација на безгранична креативност што ги поместува границите на модата, Ralph во својот моден израз дефинира вистинска форма на уметност. Моќта на занаетчиството и savoir-faire создаван низ генерации, овозможија дизајнерката да оживее couture примерен на тестот на времето.


Колекцијата, всушност, ја изразува силата во женственоста преку различни, иновативни аспекти и карактеристики. Во претставеното доминираат нежни нијанси на бледи пастели – како нежно розе или боите на лаванда и на нане, надополнети со раскошни материјали како: свилен креп, шифон, свилена сатенска органза, свилена тафта и кадифе, кои се во контраст со структурните додатоци збогатени со низа украси./М.М. https://tamararalph.com/pages/autumn-winter-2023-24

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.