МодаНасловнаТрендови

Започна Perwoll Fashion Week

Од мода во функција на културна дипломатија до трибини за судбината на текстилниот отпад
Првото дигитално, а 47 по ред издание на Perwoll Fashion Week беше отворено со видео перформанс насловен како Opening Act. Емитуван е и специјален филм за проектот Бел ден во кој нематеријалното
културно наследство е во исто време и инспирација и пример на успешна културна дипломатија. До затворањето на годинешниот Perwoll Fashion Week, до седми ноември, планирано е емитување на различни видео формати на дизајнерски емисии, потоа повеќе тематски трибини, како и одржување на две модни ревии со ограничено присуство на публиката, согласно епидемиолошките препораки.
Деталната програма на модната недела може да се види на следниов линк:
Фокус на настанот останува промоцијата на колекции на модни дизајнери, додека значителен дел од програмата е посветен на општествено одговорни, едукативни и уметнички содржини. Панелите, како и модните ревии можете да ги следите преку социјалните мрежи на проектот, или на сајтовите на креаторите.
Доколку сте ги пропуштиле премиерните преноси, можете да ги гледате на YouTube каналот

More in:Мода

Comments are closed.

Next Article:

0 %