Некои од најголемите поп-ѕвезди на оваа деценија, како Beyoncé,  Doja Cat и Cardi B. ги облекоа тесните костими на Casey Cadwallader, создадени за модните куќи Mugler и H&M, како дел од нивната најнова заедничка колекција.

 

Веста дека култната француска куќа ќе биде најновиот соработник на H&M за оваа пролет наиде на различни коментари на социјалните мрежи. Чекањето – и сите тие шпекулации завршија: H&M и Mugler објавија музичко видео како одговор на горливите модни прашања.

Колекцијата ќе биде промовирана во мај, по модната ревија планирана за април. Она што тогаш ќе биде покажано обилува со различни сегменти. Прво е кроењето, категорија со која владее Mugler, особено кога е во прашање облека со кристали. Дел од колекцијата се и комплетите од кожа, како и фармерките со илузија на спирални вметоци од ликра кои станаа потпис на Cadwallader во Mugler.

Видеото од колекцијата, денес премиерно изведено е високо октанска модна фантазија на Y2K, целосно инклузивна во кастингот на сите полови и идентитети, големини и возрасти. Од особено значење е секвенцата на ток-шоу од 80-тите со Jerry Hall и Connie Fleming. Музите на Manfred Thierry Mugler носат изгледи од архивата на модниот бренд, повторно направени токму по овој повод./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.