Мите Занов, модниот дизајнер кој креира под името Zanov, ја претстави Noctural – својата најнова колекција за сезоната пролет 2023 година.
Инспирацијата за Nocturnal 23 е заснована на настани со трауматично искуство, проследени со патување за исцелување. Според Zanov, емоциите и чувствата како страв, фрустрација, гнев и тага, помагаат при справувањето. Она што го доживуваме на тоа патување можеби не е секогаш убаво, но таквиот пат води до моќна енергија што, заклучува дизајнерот, се издигнува за да ни помогне да одиме напред. Од ден до ноќ, од бело до црно, тоа е нераскинлив круг.
Фото: Лазар Зафировски
Модели: Models In Management
Hair & MakeUp : Social Hair Salon Nikolovska Elena
Чевли : @viktorchevignon
Асистент: Ева Поп Таневска
Посебна благодарност: Димитар Бабков, Тони Петрушевски, Андреј Мојсоски