Според Jeremy Scott живееме во искривени времиња, а ремек-делото на Dali’ од 1931 година е своевиден надреалистички одговор на распаѓањето на верувањето во општество во постојан прогрес.
Доколку во пролетно-летната колекција на Moschino доминираа модели со елементи на надувување, како одговор на креативниот директор Jeremy Scott на инфлацијата – мотивот за колекцијата, тогаш во есенско-зимскиот предлог се се топи, протекува и растекува, како кај часовникот на Salvador Dali.
Официјално преставена под името The Persistence of Memory – преставува почетната точка на Jeremy Scott, во која се протекува или се растекува: од рабовите на здолништата и на јанките, до модните додатоци. Рабовите изгледаа како натопени и свиткани, а силуетите омекнати наместо стегнати; цветните отпечатоци течеа од платната на фустаните, а копчиња се чинеше дека поминале премногу долго, премногу блиску до извор на топлина.
Според Scott живееме во искривени времиња, а работите што изгледаат познати не се такви. Во првата половина од ревијата, за Scott се изгледа како коментар за економија надвор од контрола: инфлацијата е заменета со дефлација. Ремек-делото на Dali’ од 1931 година е своевиден надреалистички одговор на распаѓањето на верувањето во општество во постојан прогрес.
Од средина, колекцијата ја смени брзината, а капките беа заменети со аристо-панк атмосфера со големи украси од кристали и уште поголеми метални шилци како мотиви. Имајќи ги предвид фризурите што ги носеа манекенките, можеби беше направено климање во насока на Vivienne Westwood, или, едноставно, потврда на определбата на Scott според која во колекциите на Moschino да има се.
Под тоа се, некои видоа ново читање на делата на Karl Lagerfeld: неговите твидови, мини фустаните на Lagerfeld, а и ланците и брошеви на Gripoix. Фризурите на моделите се од колекцијата Chanel Couture есен зима 1999-2000 година.
Инаку, во модниот свет оваа 2023 година е година на Karl Lagerfeld. Темата за Met Gala, која ќе се одржи во мај, е Karl Lagerfeld, а тоа значи дека некој треба да ги облече ѕвездите, или ѕвездите ќе мора да најдат нешто за да бидат облечени во трендот, а тоа да не е само Chanel од винтиџ продавниците./М.М.
Модното шоу на кое вчера е преставена колекцијата може да се проследи на следниов линк: https://www.moschino.com/it_it/