Колекцијата на Philipp Plein, подготвена за носење за оваа пролет, е настојување за враќање на брендот на позициите од пред пандемијата, како и залет за Модната недела во Њујорк (New York Fashion Week), на која Plein планира да се појави во февруари, за прв пат по 2018 година.

Во претставувањето Plein истакнува дека се работи за колекција за рок-ѕвезди од „rock-star brand “. Така на пистата се појавија модели со хеви метал, кожа и Swarovski кристали на тексас. Облека за мажи беше преставена со женскиот фокус на Plein Sport. Имаше и богата спортска облека во стилот на Liberace. Неговиот дизајнерски тим не се потпираше само на исполнување на воспоставените стандарди: имаше и забележителен напредок, особено во силуетите на женската облека и тексасот за улична облека, што е потврда за вистинската амбиција да се прошири нивото, досегот и понудата на колекцијата.

 

Од моментот кога Philipp Plein и неговите модели пристигнаа на платформата за да го направат дефилето модната ревија продолжи во забава, што е сосема во стилот на модниот дизајнер. Имено, секоја негова ревија е со голем аудиторијум, секогаш на сцената се појавуваат и невообичаени нешта и сето завршува со голема забава со публиката. Така беше и овој пат. /М.М.

 

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.