Не е тајна дека италијанскиот дизајнер Lorenco Serafini е роден романтичар. Затоа и не изненадува што референците од 70-тите и 90-тите се доминантни во колекциите на неговиот бренд Philosophy, а се наѓаат и во збирката насловена како „леснотијата на битието“, на неговата колекција наменета за пролет/лето 2023 година.
Виткоста на силуетата – на тоа најмногу работам, без да бидам отворено секси или премногу романтичен, истакнува Serafini објаснувајќи го своето творештво. Од таму, ткаенините со кои работи се еластични, завиткани околу меки бисти, плетени во блузи, издолжени во хеланки со висок струк или обвиткани во ленти од кои се создава елекот на долгите фустани.
Помеѓу концизноста и мекоста, колекцијата на Lorenco Serafini наликува на грациозна игра на рамнотежа заволивоста и романтиката.
Токму таму треба да се бара и штотуку објавеното надополнување на оваа колекција, преставено како игра на заведување: The game of seduction
Не постои единствен начин да се победи во заведувањето: некогаш е тоа женственоста, некогаш лежерноста, па и дрскост или жестокост, се вели во преставувањето на Game on.
За некого тоа е облекување во огнено-црвен фустан, или пак, градник обложен со кристали што ѕирка од машката кошула. Смелата бомбер јакна или цвет околу вратот можат да се и пораки но и победнички потези, кога станува збор за заведувањето. Во таа игра, правилата самите ги создаваме, порачува Lorenco Serafini./М.М.