Се е можно во светот на Roberto Cavalli сè е можно, а најновата колекција, подготвена за носење и наменета за идната пролет и преставена на Модната недела Милано можеби тоа го доловува на на еден особен начин.
Замислата на Fausto Puglisi е да се надминат границите и да се исполнат со блескави претстави на холивудскиот глам од неговата Златната ера на кинематографијата. Замислата е и да се долови барокен дух кој повикува на зголемени намалувања – како своевидно, контрадикторното, сицилијанско наследство, во кое живее Puglisi, како што се посочува во белешките за колекцијата.
Некогаш сензуалниот провокатор, тој верува дека денес ништо не е помодерно од класичното. Класичното à la Fausto, тоа е: мешавина од скулптурни облици на мода соголени до суштината, женственост за телото и нескротлив порив за декорација.
Играњето со спротивностите го дава тонот на преставеното – вкусотот на провокацијата е тоа, во рамката во кој елеганцијата е, навистина, класична и составена по дух.
Ова е Roberto Cavalli и неговиот филм за модата идната пролет, а режисер на ноар филмот е неповторливиот и непогрешлив Fausto Puglisi./М.М.