Доколку некој е подготвен за метаверзум и за облека создадена за виртуелната мода, тоа секако е Iris van Herpen. Во текот на изминатите 15 години, холандската дизајнерка стана моден дизајнер кој најмногу се соочува со предизвиците на иднината, редефинирајќи го стариот шарм на модата, за да покаже како технологијата може да го трансформира начинот на облекување. Речиси сите нејзини изгледи првин се дигитално дизајнирани, така што во основа се веќе подготвени за метаверзумот, објаснува Iris van Herpen.
Со новата есенска колекција вели дека е ориентирана кон иднината, инспирирана од постхуманизмот, со трансформирање на идентитетите, метаверзумот, но и хиперреалноста, каде дигиталната и физичката реалност стануваат неразделни.
Инспирирана од Метаморфозите на Овидиј, van Herpen создаде 16 физички и три дигитални изгледи кои ги носат аватарите за нејзиното шоу во Елисеј Монмартр. Сложено конструираните парчиња, најчесто се спојувани рачно, додека 3Д печатените панели се од иновативни, одржливи материјали. Првиот изглед, на пример, е од биоразградлива ткаенина, изработена од лист банана измешана со сирова свила. Кафеавиот комбинезон е направен од 3Д печатено влакно базирано на лушпи од зрна какао, комбинирано со преработена органза.
Не верувам во замена на физичката убавина што ја создаваме – затоа сакам дигиталниот изглед да биде продолжение на физичкиот изглед, вели Iris van Herpen. Ним им треба иста душа, иста сложеност, истата изработка. Сите мои клиенти се од светот на уметноста. Тие знаат дека колку подолго луѓето ќе бидат во метаверзумот и таму ќе посетуваат настани, толку повеќе ќе сакаат да носат и нешто убаво. Сè уште сето е во рана фаза, но ќе дојде, заклучува Iris van Herpen. /М.М.
Ревијата е на следниов линк: https://www.irisvanherpen.com/