Шок факторот како modus operandi на Balenciaga за најновата колекција на висока мода подразбираше поддршка на анонимноста и познати личности на пистата, на која се најдоа: Nicole Kidman, Kim Kardashian, Naomi Campbell, Inti Wang, Dua Lipa, Christine Quinn, Bella Hadid, Eduardo Camavinga…

Со преполн прв ред на меѓународни ѕвезди, штотуку заврши 51-то шоу за висока мода на Balenciagа, можеби највозбудливо неделава, поради изненадувањата на пистата. Имено, некои од јавните личности наместо во публиката, можеа да се видат на пистата, предводени од Nicole Kidman, Kim Kardashian или Dua Lipa.
Во елегантниот салон на Cristóbal Balenciaga, Demna претстави колекција полна со препознатливи тесни парчиња на брендот, драматични балски фустани и беспрекорна изработка.

Ниту додатоците не оставија никого рамнодушен. Чантите потсетуваат на преносни звучници, а часовниците се користат како обетки и ѓердани. Оперските ракавици и тесните црни чорапи кои одговараат на чевлите со шпиц, потсетуваат на 50-тите.
Ревијата ја отворија маскирани модели во црни шлемови, како продолжение на дискурсот за анонимноста, карактеристичен за грузискиот дизајнер. Анонимните суштества на Demna носеа костуми и фустани кои стојат како втора кожа.

По овој револуционерен приказ, Hunter Schafer, го отвори блокот со познати лица како модели. Долгите опашки, фустаните со пердуви, обемните здолништа, дури и вечерните фустани во пастелни бои потсетуваа на 50-тите: Dua Lipa во лимон жолт фустан, Nicole Kidman во сребрен и Naomi Campbell завиткана во маестрален црн фустан. Kim Kardashian, исто така, дебитира на модната писта, под будното око на нејзиното семејство.

По шоуто, повторно се наметнува прашањето за мајсторијата со која Balenciaga успева да ги освои сите модни наслови. Брендот, во добро или во лошо, никого не остава рамнодушен./М.М.


Модната ревија може да се проследи на следниов лик: https://www.balenciaga.com/en-en#?utm_source=20220706_CoutureShowLiveNow_All_Global_Type3&utm_medium=email&utm_campaign=row&utm_content=cta-footer

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.