Колекцијата на Dior, Cruise 2023, беше преставена преку посебен настан, одржан во Севиља, Шпанија. На просторот на историската Plaza de Espana, францускиот бренд прикажа нова колекција во која можеа да се видат и изгледи што евоцираа спомени на војвотката од Alba, аристократка и модна икона на фламенгото, која до нејзината смрт, во 2014 година, го славеше Seville´s Feria de Abril.

Модната ревија на Dior во Севиља, збогатена со настап на фламенго играчи и балерини, по многу нешта се разликуваше од ревиите што деновиве можат да се проследат, а поинаква е и од сето досега претставено од дизајнерката Maria Grazia Chiuri.

Манекенки облечени во обемни силуети, со сложени везови, ги красеа скалите на Plaza de España. Колекцијата беше инспирирана и од легендарната фламенко танчерка Carmen Amaya која, како што објасни уметничката директорка Maria Grazia Chiuri на Инстаграм „ја отсликува душата на Шпанија и успеала да ја интерпретира идејата за тоа што е феминизам“.

Ревијата започна со едноставен црно-бел изглед: бела кошула, комбинирана со црни трегери и панталони. Изгледите што следеа ја прикажуваа истата класична комбинација на бои, сè додека полека не почна да се појавува црвената нијанса, проследена со дополнителни, потемни, неутрални и тонови.
Силуетите варираат од структурирани костуми до тешки здолништа, со елементи како тантела, кадифе и богат шпански вез со златни и сребрени конци./М.М.


Настанот на кој се претставени дури 110 модели, може да се проследи на следниов линк:
https://www.dior.com/en_int/fashion/womens-fashion/ready-to-wear-shows/cruise-2023-show

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.