Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. Колекцијата е инспирирана од фотографии од летувања од 1950-тите и 60-тите години, кои дизајнерката ги опиша како „убави, идилични, романтични и релаксирачки спомени“.

Колекцијата ја карактеризираат лесни силуети и ведри фустани – облека во која „се чувствувате убаво кога ја носите“, истакнува Nicky Zimmermann. Всушност, како секојдневната облека во колекцијата да е извлечена од плакарите на 50-тите и 60-тите, а едновремено и да е подигната на ново ниво. Тоа, пред се, се однесува на пријатно-изненадувачките детали кои се повторуваат во конструкцијата на дизајните: блескавите рабови засилени со кринолин, рачно нанесени цветни апликации, или прекрасно украсена блуза со бисери. Тоа е и архетипот на Zimmermann: сложени, елаборирани, женствени детали што облеката ја прават незаборавна и – посакувана./М.М.

Деталите се на следниов линк:

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.