Emporio Armani за рекламната кампања за својата есенско/зимска колекција за 2022 година, освен моделите ги вклучи и кучињата – најдобрите пријатели на човекот.
Според соопштението за печатот за Emporio Armani кампањата претставува „љубовно писмо до најдобриот пријател на човекот, кој сè повеќе е дел од нашите животи„.
Пред камерата на Gregory Harris, освен моделите Ayesha Sesay, Mathilda Gvarliani, Lisa Han, Jie Zheng, Kit Clarke, Stanley Taylor и William Franklyn Miller, се најдоа кучиња од различни раси и големини, создавајќи релаксирана и весела атмосфера на сетовите./М.М.