Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, каде е грчката божица на љубовта и убавината!

Темата на колекцијата навистина ја одразува убавината и заводливата моќ на една божица, со доминантните, раскошни и заводливи дизајни со кои Tony Ward ја оживува легендата, притоа не пропуштајќи ги ниту нејзините „крилја“ во некои од неговите изгледи.

Без разлика дали се во заводливи металик тоалети или во долги лелеави фустани надополнети со цвеќиња или светкави везови, моделите на колекцијата посветена на Афродита се исполнети со романтика. Опишувајќи ја женската силуета опфатена со неговите дизајни во колекцијата Tony Ward настојува да го оживее времето кога жената била моќна божица.
Модниот филм на кој се преставени педесет модели подготвени за носење на претстојните есен и зима 2022/2023 е на следниов линк:

Tony Ward Couture е модна куќа која се преставува на Paris Fashion Week. Либанско – италијанскиот моден дизајнер кој има дипломирано на L’École de la Chambre Syndicale на Couture Parisienne, занаетот го има учено седум години во Dior, Chloé и Lanvin пред да ја отвори својата модна куќа. Всушност, Tony Ward ја презеде и трансформира семејната модна куќа, создадена во 1952 година.
Создава колекции во кои ги комбинира иновациите со мајсторството на занаетот на кроењето и на изработката. Наречен и „Архитекст на детали„, Tony Ward ја црпи својата инспирација од современата архитектура, која му помага да ги замисли скулптурните форми, да создава иновативни техники и да си игра со границите на светлината и транспарентноста.
Неговите креации привлекуваат членови на кралски семејства, познати личности и врвни меѓународни продавници.
На сајтот на модната куќа можат да се видат моделите креирани од Tony Ward преставени на црвениот ќилим./М.М.

 

https://tonyward.net/en/news/

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.