CORKonLINEN во моментов единствената вистинска веганска алтернатива на кожата. Материјалот е целосно природен, без пластика и, по употребата, може да се компостира.

Патентираниот француски материјал CORKonLINEN е произведен по повеќе од една и пол година истражување и развој од RTFACT BRANDS и е составен од само три елементи: португалска плута, француски лен и лепак на база на вода.
„Почнавме во 2019 година, со идеја, со лен да го замениме памукот што се користи во нашите чанти и ткаенини, велат од францускиот тим. „Идејата беше да се користи лен наместо памук, затоа што немаме памук, но Франција е меѓу најголемите производители на лен. Покрај тоа, памукот (дури и органскиот) користи многу вода, пестициди и ѓубрива“.
Според RTFACT BRANDS, „CORKonLINEN во моментов е единствен материјал со отпорност и технички својства еквивалентни на кожа, изработен од 100% природни материјали“.

Материјалот е дизајниран да има минимално влијание врз животната средина при што, со ленот од северот на Франција, овозможено е користење на природна култура која не бара наводнување, пестициди или ѓубрива.
Во RTFACT BRANDS е размислувано и за крајот на животниот век на материјалот. Имено, со тоа што е биоразградлив и компостлив, создадено е целосно кружно, одржливо решение./М.М.
Деталите се на : https://www.corkonlinen.com/

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.