Модната дизајнерка Тања Кокев синоќа на модна ревија во Скопје ја претстави својата летна колекција насловена како „Пустинска роза“.
Инспирацијата за колекцијата е пустинската роза која, според дизајнерката, преку креациите пренесува на нови простори, во еден пустински сон каде што и времето е опипливо.

Во колекцијата во сафари стил доминираат женствени минималистички силуети, со комбинација на живи бои и смирени тонови, од природни материјали.

Промовирана е и новата линија чевли со дизајн на брендот.
Зборувајќи за создавањето Кокев посочува: „По долгиот период затвореност за сите нас, имав потреба да направам колекција што ќе нè однесе некаде далеку, во свет на опуштеност, романтика и уживање, каде што можеме да го ослободиме дивото во нас… Сега чувствувам дека имам многу нова енергија, која, секако, и натаму ќе ја преточувам во креирање.“


Моданата ревија е поставена како своевидна претстава, во режија на Дејан Пројковски, со сценографија на Искра Јанковска-Михајловска, кореографија на Олга Панго и музика на диџејката Соња Исмаил./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.