Точно 70 години жените играат суштествена улога во историјата на Wolford и затоа, токму за нив, куќата ја стави под знакот на иновативност својата јубилејна колекција, наменета за пролет-лето 2022 година.
За новата сезона брендот ги поканува љубителите да го истражуваат светот на природата, преку модели со животински мотиви, веганска кожа и прекрасни цветни дезени, со детали изработени од чипка, графички дезени и иконски текстури.
Изборот на материјали вешто го нагласува раскошот на оваа, The Anniversary колекција, каде мерино волната и памукот се истакнати состојки, чија исклучителна мекост ги воздигнува сетилата.
Линијата Anniversary слави 70 години страст посветена на светот на модата. Во неа се фустани, боди, трикотажа и чорапи, достапни во Sheer Opaque ткаење, што отсекогаш го отелотворувало совршениот баланс помеѓу елеганцијата и транспарентноста за модната куќа.
https://www.wolfordshop.net/70th-anniversary-jumpsuit/50785.html
За геометриските силуети, Wolford останува верен на кружното плетење, кое прерасна во заштитен знак и дозволи облеката да ги освои срцата на многу жени.
Желбата за иновации останува силна, како и во раните денови на модната куќа, а линијата Net Roses совршено ја истакнува оваа состојба, со производи направени исклучително од рециклирани влакна.
Способностите за терморегулација се прикажани во линијата Summer Knit, која нуди рамни плетени кардигани и џемпери во совршено минималистички геометриски стил, за да се создадат разновидни силуети, во различни слоеви, кои зрачат со елеганција.
Линијата Croco нуди разиграна интерпретација на жакард трикотажа, која добива изглед на крокодилска кожа за да создаде чорапи и хулахопки кои се исто толку уникатни, колку и волшебни.
Сето направено во јубилејната колекција, со повеќе модни линии, претставува потврда за знаењето и умеење во изработката, како и за исклучителниот квалитет на преставените модели на Wolford./М.М.